ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Убедливи победи за фаворитите, Беса со голем триумф, Силекс минимално против Охрид

Беса со сигурни 2:0 го доби дуелот со Кораби на домашен терен и забележа многу важен триумф во борбата за сигурен опстанок. Аљбин Рамадани во 14. минута од мечот го отвори резултатот, а пред крајот на првиот дел Флорент Османи ги постави конечните 2:0.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Силекс се намачи против Охрид и на крај славеше со минимални 1:0 со што забележа многу важен триумф и ја одржува бодовната разлика во однос на Воска Спорт и Вардар. Херојот на мечот за трите бодови беше Ѓорги Танушев кој погоди во 72. минута од мечот.

ФОТО: Спортска Мрежа | Кратово

Тетекс во вториот дел го доби Гостивар со 2:0. Стрелци на погодоците за „штофарите“ беа Владимир Жоглев и Емил Соко во судиското надополнување од натпреварот.

Воска Спорт со убедливи 4:0 ја декласираше Велешта. Резултатот го отвори Ермин Анруши со автогол во 5. минута од мечот, а до крајот на првиот дел стрелаа Изаир Емини во 15. минута, како и Елмир Алији и Бехар Фета. Во вторито дел мрежите мируваа.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Вардар на домашен терен беше убедлив со 4:0 над „фенерџијата“ Кадино и сосема очекува ги грабна трите бодови. Филип Петковски беше двоен стрелец, а по еден погодок за Вардар постигнаа Бенјамин Демир и Никола Величковски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!