Убедлива победа со ПЕТ погодоци за Младост Дедебалци, Олд Бојс го доби КСК, Лисолај со „петарда“

Прегледот на колото во ОФЛ Битола го овозможи Revolution Development
Во рамки на 19. коло од Општинската фудбалска лига А1 во Битола екипата на Лисолај го почести Атлетико со „петарда“, откако на гостински терен со 0:5 беше убедлив. Даниел Бошковски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Миланеч Богоевски и Бојан Деспотовски. Сите погодоци паднаа во првиот дел од мечот одигран во Кравари.
Партизан 2021 на домашен терен со 2:0 триумфираше над Хајдук. Резултатот на теренот во Добрушево беше отворен во 25. минута со гол на Пеце Стевановски, а конечниот резултат беше поставен во 54. минута со погодокот на Сашо Филиповски.
Екипата на Новаци 2011 натпреварот со Карамани го доби со службени 3:0 откако гостинската екипа не допатува во Новаци и натпреварот не беше одигран.
Пелагонија Бел Камен со убедливи 1:3 славеше на гостувањето кај Младост во Горно Оризари. Гоце Толевски и Никола Глигуровски погодија за водство од 0:2 на полувреме за гостите. Во вториот дел Бојан Ристевски намали на 1:2, а конечните 1:3 ги постави Валентин Ристески во 86. минута од мечот.
ОФК Битола со убедливи 3:0 го доби Поешево на домашен терен. На полувреме домаќинот имаше водство од 1:0 со голот на Лука Лаковски постигнат во 45. минута. Во вториот дел Лиридон Шабани ги постави конечните 3:0.
Во однос на табелата лидер со 49 бодови е Лисолај, а пак на второто место е ОФК Битола со бод помалку.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД А1 ЛИГАТА:

Во рамки на 14. коло од А2 лигата убедлива победа однесе Младост Дедебалци совладувајќи го Пелистер Трново-Магарево со 5:1 на домашен терен. Херој не мечот за домашниот тим беше Александар Ѓорѓиевски кој четири пати ја тресеше мрежата на гостите, а пак петиот гол беше дело на Кристијан Тасевски. За гостите стрелец на единствениот гол беше Удаверди Сали.
Олд Бојс во 94. минута го доби дербито со лидерот КСК (3:2) на домашен терен. Гостите преку Дарко Ѓуровски уште во 8. минута дојдоа до водство од 0:1, а по десет минути игра домашните со гол на Џими Геровски дојдоа до 1:1 на полувреме. Во вториот дел гостите преку Пеце Наумовски во 66. минута дојдоа до ново водство од 1:2. Во финишот од мечот Александар Николовски успеа да постигне гол за 2:2, а тоа беше дополителен мотив за да во 94. минута Божидар Бошковски постигне победнички гол вреден три бодови.
Дерби дуелот помеѓу Пелагонија од с. Трап и Пелагонија од с. Добромири заврши со труиф за гостите со убедливи 2:4. За домашниот тим двоен стрелец беше Николче Шиникоски, а пак за гостите хет-трик постигна Даниле Крстевски, е првиот гол беше дело на Борче Секуловски.
Светлост на домашен терен загуби со 1:3 од Јени-Маале Спорт. За домаќинот единствениот гол го постигна Стивен Митревски, а пак за гостите двоен стрелец беше Васко Наумовски, а еден гол постигна Христијан Ристевски.
Чагор дома беше убедливо поразен до Црна Река со 0:3. Јаневски НИкола, Иле Трајковски и Пеце Трајквоски беа стрелци за гостите од Долна Чарлија.
Лидер на табелата е екипата на КСК со 35 бодови, на второто место е Јени-Маале Спорт со 29 бодови, а бод помалку има Олд Бојс кој е трет.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД А2 ЛИГАТА:
