РакометРакомет - Суперлига
Убедлива победа над Вардар над Еурофарм Пелистер

Во дербито од 3. коло од плеј-офот од Супер лигата, Вардар запиша убедлива победа над Еурофарм Пелистер со високи 35:27.
Вардарци ја имаа контролната во текот на целиот натпревар. На стартот од натпреварот резултатот беше 3:0 за домашната екипа, а потоа гостите од Битола стигнаа до 3:3, по што Вардар одлепи и во текот на целиот натпревар имаше водство.
Најдобри во редовите на Вардар беа Дисингер и Гаџа со по седум погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер најдобар беше Мандалиниќ со девет погодоци.
Ова е само почеток за шампионската тутула, така да, не’ очекуваат големи и возбудливи натпревари до крајот на плеј-офот.