ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Убедлива победа на Брегалница на пријателскиот натпревар против Беласица

Фудбалерите на Брегалница одиграа одличен натпревар на тестот против прволигашот Беласица триумфирајќи со убедливи 3:0 (1:0) на Градскиот стадион во Штип.

Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи за контролен меч, избраниците на Марјан Секуловски комплетно доминираа на теренот против прволигашот.

Уште во 2. минута Мартин Стојанов донесе предност од 1:0, а по нереализираните шанси во првиот дел, следеа уште два гола во второто полувреме. Најпрво во 49. минута Јован Манев повторно погоди за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Кудев во 85. минута.

Во следното 21. коло од Втората лига – Исток на 3. април, на домашен терен Брегалница ја пречекува прилепска Победа.

Беласица во рамки на 25. коло од Првата лига на 4. април, ќе гостува во Струга, каде ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!