ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Убедлив пораз на Шкендија од Динамо Загреб

Македонскиот прволигаш Шкендија денес доживеа висок пораз (0:3) од шампионот на Хрватска, екипата на Динамо Загреб, на пријателски натпревар.
Хрватите беа далеку подобар противник, а до триумфот стигнаа со погодоците на Јосип Дрмиќ, Комнен Андриќ и Бруно Петровиќ. За „модрите“ настапуваа и Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Инаку, Динамо Загреб е можен противник на македонскиот шампион Шкупи во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.