ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Турново преку Крстев ја прегази Брегалница која доби „петарда“, Детонит го доби дербито со Овче Поле и чекори кон Втора лига

Хоризонт Турново без никакви проблеми, низ тотална доминација на теренот стигна до нова убедлива победа над Брегалница од Делчево со високи 5:1 во рамки на 16. коло од Третата лига – Исток. Гостинската екипа немаше никакви сили да го запре налетот на расположените Турновци на патот кон атак на првото место и единствениот гол го постигна од пенал. Резултатот беше отворен уште во 4. минута со гол на Крстев Васил за водство на домаќините од 1:0. Во 16. минута Крстев со втор гол ја стресе мрежата на Димовски за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Амедов Таџедин постигна гол за 3:0 во 54. минута. Судијата Костовски во 83. минута покажа на белата точка за Брегалница, одговорноста ја презеде Пешовски Дарко и намали на 3:1. Само две минути игра беа потребни за Крстев да стигна до хет-трик, а водството на Турново се зголеми на високи 4:1. Во 88. минута Глигоров Драги ги постави конечните 5:1.

На Градскиот стадион во Радовиш екипата на Детонит со 2:1 го доби големото дерби против Овче Поле и чекори кон Втора лига – Исток. Овче Поле стигна прв до водство во 33. минута преку Атанасов Бобан. По првото лошо полувреме, во вториот дел Детонит се издигна и одигра на ниво со што потврди зошто е најсериозен претендент за Втора лига. Искусниот Николов и младиот Асанов ја подигнаа својата екипа која во вториот дел до надигра противникот. Во 63. минута со погодок на Андонов Дени домаќинот израмни на 1:1. „Џокерот“ Стојанов Златко во 78. минута постигна гол за водство на Детонит од 2:1, а тоа беше и конечниот резултат. Радовишани после овој дерби натпревар сигурно чекор кон Втора лига – Исток.

Чешиново на домашен терен со 6:0 славеше убедлива победа над Спартмани кој се распадна уште во првиот дел од натпреварот. Бојажиев Филип во 13. минута го отвори резултатот, а по пет минути Јакимов Мики ја дуплираше предноста за домаќинот. Во 40. минута Стојчов Антонио погоди за 3:0 на полувреме. Во вториот дел Чешиново играше релаксирано и постигна уште три погодоци. Во 72. минута Бојажиев постигна втор гол, а Јакимов беше стрелец на двата погоди за конечните 6:0 со што стигна до хет-трик на натпреварот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Малеш стигна до нова победа откако во Лозово со 0:2 славеше над Работник Џумајлија. Резултатот беше отворен дури во 75. минута кога Стојановски Гордан си постигна автогол со што гостите од Берово имаа водство од 0:1. По десет минути игра Бојчовски Илија ја дуплираше предноста на конечните 0:2.

Карбинци во Струмица со 0:3 славеше над Тиверија и конечно се радуваше во пролетниот дел. Резултатот беше отворен во судиското надополнување на првото полувреме откако судијата Семјенов покажа на белата точка за Карбинци, а Стојанов Влатко успешно реализираше за 0:1 на полувреме. Во второто полувреме на теренот со вештачка трева во Струмица гостите во 87. минута со гол на Митев Никола зголемија на 0:2, а по три минути игра Митев со втор гол ги постави конечните 0:3.

Василево на домашен терен одигра 2:2 со Раклиш. Домаќинот уште во 7. минута дојде прв до водство со гол на Николов Ацо. Во 30. минута Митев Бојан постигна гол за 1:1. Во вториот дел Василево повторно дојде во водство откако Николов во 67. минута погоди за 2:1. Во самиот финиш од натпреварот Митев Бојан ги постави конечните 2:2 со што бодовите беа поделени.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!