
Започна пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Петровец 2022“. Овогодишениот турнир ќе стартува на 16 јуни 2022 година, а пријавувањето ќе трае до 14 јуни.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Натпреварите ќе се играат во вечерни термини, во систем 4+1. Уплатата за учество на секоја екипа е 5.000 денари.
Освојувачот на турнирот односно првопласираната екипа ќе доби 100.000 денари, за второпласираната екипа ќе следува награда од 50.000 денари, додека пак третопласираната екипа ќе добие 20.000 денари.
За сите подетални информации и пријавување на екипите, може да контактирате на телефонските броеви: 071 – 372 – 342, 077 – 501 – 500 или 070 -826 -956.