ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Турнир „Миљан Миљаниќ”: Македонија поразена од Црна Гора

Репрезентацијата на Македонија до 17 загуби од Црна Гора во првиот натпревар од турнирот „Mиљан Миљаниќ” што се одржува во Стара Пазова, Србија. Противникот славеше победа со 6:5 по подоброто изведување пенали.

Нашите фудбалери можат да жалат за пропуштените прилики што не беа искористени во регуларниот дел од средбата.

Во првиот дел подобрата игра не успеавме да ја крунисаме со погодок. Зани Назифи ја имаше најубавата шанса за Македонија во 24’. Во 28’ Азис Јамини биеше од 16 метри, но противничкиот голман беше на висина на задачата и одлично интервенираше.

Во продолжението уште неколку добри можности за избраниците на селекторот Тони Јакимовски, но повторно без реализација.

Зани Назифи и Никола Величковски се најдоа во добри прилики, но противничкиот голман со нови добри интервенции успеа да го зачува својот гол.

По подоброто изведување на пенали, селекцијата на Црна Гора успеа да забележи победа со вкупен резултат од 6:5. Три пати во пенал серијата имавме шанса да го добиеме мечот, но промашивме во сите три обиди.

МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Јовановски, 2. Хадис Таири, 5. Марко Стоилевски, 6. Максим Бундалевски, 7. Кире Стојанов, 8. Мартин Ѓорѓиевски, 9. Зани Назифи, 10. Азис Јамини, 11. Омерфрук Сулејман, 13. Анес Мељиќи, 14. Андреј Аризанковси;

Селектор: Тони Јакимовски;

ЦРНА ГОРА: 1. Петар Бобичиќ, 2. Милош Врачар, Лука Бубања, 4. Лука Цамај, 5. Лука Кецојевиќ, Лука Лечиќ, 7. Немања Павичевиќ, 8. Страхиња Тешовиќ, 9. Алекса Вукадиновиќ, . 10. Никола Медојевиќ, 11. Ненад Кривокапиќ;

Селектор: Каваја Радован;

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!