Тухел со големо изненадување: Во Челзи доаѓа поранешен ас на Барса кој блескаше оваа сезона!

Томас Тухел, тренерот на новиот европски шампион Челзи, ќе има полни раце работа во летниот преоден рок кога ќе се обиде да го засили својот тим. Германскиот стручњак подготви список со желби со четири имиња, додека отпиша дури 11 фудбалери, пишуваат англиските медиуми.
Неколку играчи веќе ги спакуваа куферите од Стемфорд Бриџ. Фикајо Томори ќе остане во Милан, „росонерите“ го откупија неговиот договор, ќе замине и Рос Баркли, а меѓу оние кои заминуваат се и Оливие Жиру и Тами Абрахам, иако тој играше многу добро во текот на целата сезона.
Отпишани се и двајца младинци, Били Гилмур и Конор Галагер, иако за нив има шанси да одат на нова позајмица, а Тухел планира да се ослободи од заборавените Емерсон, Рубен Лофтус-Чик и Бакајоко.
Некои медиуми објавија дека на трансфер листата може да се најде и Кристијан Пулишиќ, но тешко е да се очекува дека тренерот на лондонските „сини“ лесно ќе се ослободи од одличното крило. Тухел има четири желби. Германскиот стручњак утврди кои позиции сака да ги засили, а според англиските медиуми тоа се позициите на напаѓач, играч за врска, стопер и крилен играч.
Англиските медиуми не ги објавија имињата на играчите кои Тухел би сакал да ги види на „Стемфорд Бриџ“. Наводно, Тухел треба да потпише нов договор во следните неколку дена. Актуелниот договор го врзува за тимот од Лондон до летото следната година, но Абрамовиќ сака да го „заклучи“ одличен тренер.
Британски „Телеграф“ открива дека едно од засилувањата може да биде шпанскиот фудбалер Адам Траоре.
„Ѕверот“, како што го нарекуваат поради неговиот физички изглед, се најде на списокот со желби на германскиот стручњак и лесно може да се случи Траоре да заврши на „Стемфорд Бриџ“.
Тухел го гледа Адам како човек кој може да ја покрие десната страна во формација 3-5-2 и би бил конкурент на таа позиција за Рис Џејмс.
Челзи наскоро треба да започне преговори со Вулверхемптон за трансфер на Траоре, а за 25-годишниот фудбалер треба да се издвојат 30 милиони евра.