Европски ФудбалФудбал

Тухел сега го сака трофејот во Премиер лигата: Германецот носи спектакуларно засилување во Челзи!

Челзи, предводен од Томас Тухел, застана на тронот на Европа во саботата, откако во финалето на Лигата на шампионите го совлада Манчестер Сити.

Историски гледано, ова е успех на „сините“, за кој, на почетокот на сезоната, никој не можеше да претпостави дека ќе стигнат до трофејот во Лигата на шампионите, но Тухел направи чудо.

Германскиот стратег веќе се сврте кон следната сезона и сака да донесе спектакуларно засилување во својот тим. Имено, голема желба на Тухел е Ромелу Лукаку, поранешен напаѓач на Челзи, кој одигра само десет натпревари на „Стемфорд Бриџ“.

Белгискиот репрезентативец има одлична сезона зад себе. Тој е најодговорен за тоа што Интер ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус и го освои трофејот во Серија А. Тој постигна 24 гола и имаше девет асистенции во италијанската лига.

Сега е редот на Челзи. Останува да видиме колку се подготвени да издвојат пари за Лукаку, чие ангажирање дефинитивно би значело силен напад на титулата во Премиер лигата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!