Европски ФудбалФудбал

Тухел: Нема да зборувам за политика, ако кажат да играме – мора да играме

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, вели дека е фрустрирачки што неговиот тим не успеал да го победи Евертон, иако беше многу подобар ривал по сите параметри.

„Сините“ доминираа на натпреварот од 17. коло од Премиер лигата на „Стемфорд Бриџ“. Имаа 80 проценти посед на топка, 10 удари кон голот и голем број прилики, но на крајот мораа да се помират со бод – 1:1.

„Се разбира, фрустрирачки е што не победивме. Тешко е да се проголта ваков меч. Пропуштивме големи шанси, можевме се да решиме во првото полувреме. Не им дозволивме никаква шанса, но тие ни дадоа гол од прекин“, изјави Тухел.

Челзи остана без пет играчи на денот на натпреварот поради коронавирусот – Ромелу Лукаку, Тим Вернер, Калум Хадсон-Одои, Бен Чилвел и Каи Хаверц.

„Ни недостигаа. Тоа се играчи со вистински карактер и голем квалитет. Нашите стартери. Сепак, не сакам тоа да биде изговор“.

По брзото ширење на короната во клубовите и бројните одложени натпревари, се поставува прашањето за целосен прекин на лигата.

“Не знам. Не сакам да зборувам за политички работи. Ако тие решат да играме, ние мора да играме“, изјави Германецот.

Доколку нешто важно во меѓувреме не се промени, Челзи во недела во 18. коло гостува кај Вулверхемптон. Лондонскиот клуб го зазема третото место на табелата со 37 бодови, три помалку од Ливерпул, а четири во однос на Манчестер Сити.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!