ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Цуцули: Го почитуваме Гостивар, многу тежок натпревар со силен противник, очекувам позитивен резултат

Гостивар и Воска Спорт денес го играат дербито на колото во рамки на петтата рунда од Втората македонска фудбалска лига.

Директен двобој на двата главни фаворити за влез во Првата македонска фудбалска лига. Гостивар ќе биде домаќин на непоразениот лидер од Охрид во меч каде ќе гледаме голема борба и неизвесност за трите бодови.

Двете екипи сакаат директен влез во елитата, тоа е повеќе од јасно, а денешниот меч ќе биде тест токму за тоа.

Фудбалерот на Воска Спорт, Ајрадин Цуцули, кој е поранешен играч токму на Гостивар, вели дека го почитуваат противникот, додека дека ќе биде тежок меч во кој се надева дека ќе извлечат позитивен резулат.

“Не очекува еден дерби натпревар, многу тежок натпревар со еден силен противник, кого го почитуваме и цениме, особено јас како еден нивни поранешен играч. Верувам дека како тим ќе го дадеме максимумот и дека на крајот ќе оствариме позитивен резултат, иако на овие дерби натпревари во игра секогаш се трите резултати“, изјави Цуцули.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!