Европски ФудбалФудбал

ЦСКА Москва попушти: Никола Власиќ пред трансферот во кариерата

Хрватскиот фудбалер Никола Влашиќ пред голем трансфер во кариерата, пишува италијански „Тутоспорт“.

Со месеци се пишуваше за интересот на Милан за Влашиќ, а минатата недела пристигна првата понуда во ЦСКА Москва.

„Росонерите“ понудија пет милиони евра за едногодишна позајмица и 20 милиони евра за купување на договорот. Во Москва прво не се согласија на тоа, но наводно сега попуштија и трансферот е близу до реализација.

Русите се подготвени да го продадат Влашиќ, но само доколку износот на вкупниот трансфер, со или без заем, достигне цифра од 30 милиони евра. „Тутоспорт“ пишува дека Милан е подготвен да ги исполни овие услови и да го комплетира најголемиот трансфер во кариерата на Влашиќ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!