Европски ФудбалФудбал

Црногорскиот ас на мета на италијанскиот шампион: Инзаги го „влече“ Марушиќ во Интер ?

Адам Марушиќ беше човек од доверба на Симоне Инзаги во Лацио, а можеше да биде и во Интер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Црна Гора е на списокот со желби на новиот тренер на италијанскиот шампион за следната сезона.

Инзаги ја презеде клупата на Интер по заминувањето на Антонио Конте. Маручиќ е во Лацио од 2017 година, а сегашниот договор му истекува во 2022 година.

Минатата сезона, тој одигра 36 натпревари во Серија А, тој беше играч на Лацио со најмногу минути на теренот (2.968), постигна два гола.

Инзаги го искористише и како лево и како десно крило, а исто така одигра неколку натпревари како централен дефанзивец.

Според медиумите, Матеја Кежман, неговиот и агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој исто така е на списокот со желби на Инзаги, во моментов се наоѓа во Рим. Наводно на него е и Фелипе Каиседо, напаѓач од Еквадор.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!