Црно Буки со победа на „генералката“ со Преспа пред почетокот на пролетниот дел од Третата лига – Југозапад

Денес на градскиот стадионот во Ресен, Преспа и Црно Буки одиграа контролен натпревар кој заврши со победа за гостинската екипа од 3:5.
Црно Буки го одигра петтиот контролен натпревар и извојува петта победа, над тврдата екипа на домаќинот од Ресен, воедно ова беше и „генералка“ пред почетокот од пролетниот дел од сезоната.
Натпреварот тренерот Илиевски го започна со комбиниран состав, и иако почетокот беше рамноправен резултатски Црно Буки подфрли, домаќинот од две полушанси успеа да поведе и по 25. минута игра имаше водство од 2:0.
По примениот втор гол Црно Буки брзо се врати резултатски и со евроголот на Велјановски намали на 2:1, до крајот на првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа.
Второто полувреме тренерот Илиевски го започна со неколку измени и брзо вродија со плод, по само 20 минути игра со тотална контрола и офанзивна игра Црно Буки постигна четири гола, со брзи два гола на младиот Огненовски, гостите направија комплетен пресврт на 2:3. Следуваа уште два гола на Николовски и Бошевски за висока предност од 2:5, Николовски за 2:4 и Бошевски за 2:5.
До крајот на натпреварот Црно Буки имаше целосна контрола и неколку неискористени шанси, а домаќинот пред самиот крај од прекин намали на конечните 3:5.
Тренерот Илиевски е задоволен од прикажаната игра на сите фудбалери на неговата екипа.