ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Црно Буки на дуел со Влазними, лидерот Воска гостува кај Октиси

Утре се игра вонредното 16. коло од Третата лига – Југозапад.

Црно Буки – Влазними

Неизвесен дуел меѓу екипите на Црно Буки и Влазними во борбата за трите бодови. Домашната екипа после поразот во неделата ќе се обиде веќе утре да се врати на победите и да стигне до 11-тиот сезонски триумф. Влазними во неделата претрпе тежок пораз од Сатеска, па веќе утре ќе има нова шанса за да ги израдува фановите.

Сатеска – Македонија Враништа

Утре во Волино ќе се соочат екипите на Сатеска и Македонија од Враништа. И на овој натпревар очекуваме неизвеност во борбата за трите бодови. Победата и за двете екипи е императив и ќе значи прогрес на табелата.

Октиси – Воска

Екипата на Октиси на домашен терен ќе се соочи со лидерот Воска. Фаворит за победа на утрешниот натпревар ќе биде непоразената Воска, која игра фантастична сезона, а според квалитетот и формата сосема очекувано ќе биде да стигна до 14-тата сезонска победа. Се освен пораз за Октиси ќе биде позитивен исход на натпреварот.

Белица – Преспа

Белица минатото коло приреди вистиско шоу, губеше со 0:3 од Победа Ивањевци, но на крај сепак славеше со 4:3, па мотивот кај ова екипа ќе биде голем и утре ќе истрче по нови три бодови кои можат да ја искачат за едно место на табелата. Преспа минатото коло запиша пораз на гостувањето кај Дебарца, па утре ќе атакува на деветти сезонски трумф.

Дебарца – Новаци

Екипата на Дебарца утре ќе се обиде да запиша втора по ред победа искористувајќи го домашниот терен против фаворитот Новаци, а со тоа и да направи скок на табелата од едно место. Новаци минатото коло неочкувано се „лизна“ и одигра само 1:1 со „фенерџијата“ Стрела, па веќе утре ќе мора да оствари триумф за да ги израдува фановите и на тој начин да остане во игра и за второто место на табелата.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Стрела – Караорман

„Фенерџијата“ Стрела на теренот во Могила ќе го пречека фаворитот Караорман. Во претходното коло Стрела направи изненадување и одигра 1:1 со фаворитот Новаци, па без притисок и со мотив ќе се обиде да направи ново изненадување и против Караорман. Гостинот од Струга во саботата одигра само 2:2 со Лирија во Грнчари и го загуби черокот со првопласираната Воска која ита кон Втора лига – Запад, па Караорман ќе мора да го чува и тоа второ место, бидејќи Црно Буки „диши во врат“ со само три бода разлика.

Лирија – Кравари

Екипата на Лирија минатото коло одигра одличен натпревар и го „сопна“ фаворитот Караорман играјќи 2:2, па веќе утре ќе се обиде да „сопне“ уште еден фаворит, овој пат Кравари. Гостинската екипа минатото коло одигра фантастичен натпревар и со 3:2 го „сруши“ Црно Буки, па ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и утре со цел да направи подобар пласман на табелата.

Екипата на Победа од Ивањевци ќе биде слободна.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!