ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Црнилиште му го зеде скалпот на Големо Коњари, Росоман убедлив, Младост 1930 со петарда Возарци ДМД

Ново Црнилиште продолжува да нижи позитивни резултати во Третата лига – Југ и тоа екипата ја искачија на високото четврто место на табелата, откако денес со 4:2 го тресна Големо Коњари на домашен терен.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Играч на натпреварот беше Ерџан Ибраимоски кој со три погодоци го сруши сам фаворитот кој тргна со амбиции за врвот од табелата, а еден гол беше дело на Беџахудин Сулејмани. За гостите сосема очекува погоди искусниот голгетер Зоран Мирчески, а во листата на стрелци се впиша повторно Николче Касниоски.

Младост 1930 со петарда (5:0) го почести Возарци ДМД и го закова на дното од табелата. Новиот третолигаш никако да забележи позитивен резултат во новата сезона. Само 60 секунди беа потребни за Мартин Богески да ја стресе противничката мрежа за 1:0, а овој погодок беше единствен во првите 45 минути.

Во вториот дел Хоки Тодороски ја дуплираше предноста во 53. минута, а потоа Бени Кулески со два погодоци во 67. и 73. минута ги сруши сите надежи на Возарци ДМД за било какво изненадување. Во 81. минута Оливер Конеси ги постави конечните 5:0.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Росоман конечно се врати на победите откако на домашен терен ја оправда фаворитската улога со сигурни 3:1 над Бучин. Резултатот го отвори Игор Ѓорѓиев во 22. минута, а осум минути подоцна Илија Ристески погоди за 2:0 на полувреме.

  • Сите погодоци од дуелот Росоман – Бучин
ВИДЕО: Galacticos Production

Во вториот дел Ален Паунов постигна брз погодок за 2:1 со што гостите се вратија во игра барем за бод. Веќе во 72. минута Марко Миловановиќ постигна гол за 3:1 со што домаќинот не дозволи натпреварот да влезе во неизвесна завршница.

Обршани на домашен терен одигра „нула“ (0:0) и го подели „пленот“ со екипата на Динамо.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!