Црнгаров: Спартмани е подготвен за лидерот од Делчево, ние одиме на победа!

Спартмани во недела во Градско Балдовци го чека лидерот на табелата во Третата лига – Исток, Брегалница од Делчево во рамки на 10. коло. Во изјава за Спортска Мрежа, играчот на Спартмани, Никола Црнгаров вели дека изненадувачкиот пораз од Карбинци е заборавен, а нивните мисли се насочени за Брегалница Делчево, на којшто натпревар очекуваат и победа.
„Доста изненадувачки пораз од Карбинци, потфрливме сите и веќе е заборавен тој пораз. Нашите мисли сега се насочени за натпреварот со Брегалница Делчево. Во екипата имаме некои повредени играчи, би требало да има некои измени во тимот, но, сепак ние и на тој натпревар одиме на победа. Во Градско Балдовци досега нема никој победено, па тоа ќе значи дека ќе биде тежок натпревар“, ни изјави Црнгаров.