ФудбалФутсал

Црна Река во финишот загуби, Џељал е херојот на Арбен Бајрами за голема победа во Кавадарци

Арбен Бајрами потешко од очекуваното дојде до трите бодови, откако со гол во финишот славеше во Кавадарци на Црна Река со резултат од 2:3, во меч од 15. коло од Првата футсал лига.

Домаќинот прв дојде до водство во 5. минута со гол на Мехмединовиќ Мартин, но радоста траеше помалку од една минута кога Стојковски Игор донесе израмнување на 1:1. Реџепи Пајтим во 12. минута ја стресе мрежата на Црна Река за водство од 1:2, но водството на фаворитот траеше само две минути, Темелков Дарко донесе израмнување на 2:2, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во вториот дел гостинот беше поопасен, имаше одлични акции, притисок, но никако да ја погодеше противничката мрежа. Херој на натпреварот беше Мјаку Џељал кој во 38. минута постигна гол вреден три бода и голема победа во Кавадарци.

Арбен Бајрами ќе преноќи како лидер во Првата футсал лига, а Проект кој утре ќе ги одмери силите со штипски Астибо, се очекува да дојде до триумф и да се врати повторно на врвот со еден бод повеќе од Арбен Бајрами.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!