
Вечерва во Пробиштип конечно ќе биде комплетирано 12. коло од Втората футсал лига со мечот меѓу Црешово Топче и фаворитот Кеги Моби од Велес.
Кеги Моби е главен фаворит за промоција во Првата лига, вечерва ќе допатува во Пробиштип како голем фаворит за трите бодови, додека пак од друга страна за домаќините се освен пораз би било позитивен исход од тешкиот дуел.
Судиска двојка на мечот ќе биде Тоше Ицев од Кавадарци и Кирил Манчев од Валандово, додека пак за делегат е делегиран Слаѓан Божиновски од Куманово.
Натпреврот ќе започне во 19:00 часот.