
Денес беа одиграни четири натпревари од Втората футсал лига на Македонија. Дуелот во Свети Николе меѓу Овче Поле и Конзули заврши без победник со резултат 3:3. Никола Стојковиќ беше двоен стрелец за домаќините, а во листата на стрелци се запиша и Николче Симонов. За гостите од Битола стрелаа Стефан Стефановски, Владимир Митревски и Муса Веизовски.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<
Клими на крилата на Никовиќ дојде до голем триумф над Мал Ајакс среде Штип со 5:6. Токму Марти Никовиќ со четири погодоци беше херојот на гостите од Кавадарци, а во листата на стрелци се запишаа и Виктор Аризанов и Миле Плачков. За домашните двоен стрелец беше Дарко Димитровски, а по еден гол постигнаа Љубомир Тиквешанац, Ристе Дурдубаков и Игор Лазов.
Форца на домашен терен со убедлива победа од 7:3 над СЕЕ Университи ја оправда фаворитската луга. Ергин Шерифи постигна хет-трик, двоен стрелец беше Екрем Мемеди, а по еден погодок постигнаа Екран Алиу и Валмир Ќерими. За гостите од Тетово Леутрим Елези постигна два погодоци, а еден постигна Атмир Бакија.
Црешово Топче дојде до трето сезонско славје откако на домашен терен со убедливи 8:5 славеше над СФК Проект. По два погодоци за домашните постигнаа Антонио Стојчов, Глигорче Јакимов, Давид Манев и Драган Стефанов, додека пак за гостите двојни стрелци беа Митко Делев и Дејан Пандов, а еден погодок постигна Саша Петковиќ.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Кардшлк и Кеги Моби во Штип, а Астибо во ова коло беше слободен.