ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Цицмиловиќ: Против Кораби да се вратиме на победите

Воска Спорт утре на „Билјанини Извори“ ќе ги одмери силите со Кораби од Дебар, во рамки на 19. коло од Втора лига – Запад. Во претходото коло охриѓани ремизираа во Тетово против Тетекс играјќи 1:1.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Тренерот на Воска Спорт, Раде Цицмиловиќ се надева дека утре со добра игра неговата екипа ќе се врати на победите.

„За натпреварот против Кораби максимално се подготвуваме, бидејќи знаеме дека се работи за доста добар и незгоден противник. Направивме добра подготовка за овој натпревар и работивме на слабостите од претходниот натпревар. Се надевам дека утре со една добра игра ќе се вратиме пак на победите, после оној нерешен резултат со Тетекс во Тетово. Против Кораби сите играчи ќе бидат на располагање, така да се надеваме на трите бода“, вели тренерот на Воска Спорт.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!