Цицмиловиќ: Има уште осум кола до крајот, ќе дадеме се од себе за да го зачуваме второто место

Воска Спорт со 2:0 го доби Кораби на домашен терен во рамки на 19. коло од Втората лига – Запад. Тренерот Раде Цицмоловиќ е задоволен од победата и прикажаното против Кораби.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
„Одигравме уште еден тежок натпревар со Кораби. Одлучувачки беше голот на капитенот Изаир Емини во првото полувреме, иако створивме многу шанси и имавме две стативи, сепак до крај беше неизвесно. Веќе со мислите сме на следниот натпревар со Охрид, пред кој натпревар имаме неколку денови на располагање за да ги анализираме грешките од денешниот натпревар, се со цел на градското дерби да влеземе 100% спремни. Има уште 8 кола до крај, и ќе дадеме се од себе за да го зачуваме второто место“, вели Цицмиловиќ.