Цицмиловиќ: Денес да ја израдуваме нашата верна публика

Денес на „Билјанини Извори“ се игра градската дерби пресметка меѓу Охрид и Воска Спорт во рамки на 20. коло од Втората фудбалска лига – Запад.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Тренерот на Воска Спорт, Раде Цицмиловиќ вели дека денес екипата е комплетна и со три бодови ќе ја израдуваат верната публика.
„Секогаш се тешки тие дерби натпревари со Охрид. Се работи за цврста и добра екипа, која се бори за опстанок, но за нас се освен победа ќе биде неуспех. Спремни сме за овој многу важен натпревар, немаме повредени играчи, сите ќе бидат во комбинација, така да ни останува само да ги освоиме тие три бода и да ја израдуваме нашата верна публика“, вели Цицмиловиќ.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247