ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Трпчевски го доби вечното дерби во Битола, Величков ќе го суди дербито меѓу Детонит Плачковица и Воска

В сабота на програмата се натпреварите од 14. коло од Втората македонска фудбалска лига, коло кое ќе донесе неколку возбудливи натпревари.

Во Битола се игра вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар, а на овој меч ќе биде пуштена и новата трибина на стадионот во Битола, со што се очекува пеколна атмосфера. Правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

Уште едно дерби ќе биде одиграно во Радовиш каде Детонит Плачковица, кој нема пораз на домашен терен, се „остри“ за Воска Спорт, фаворит за Прва лига, па повеќе од сигурно е дека во Радовиш ќе гледаме неизвесен дуел за трите бодови, каде и двете екипи атакуваат на истите. Овде правдата ќе ја дели Боби Величков од Велес.

  • Делегирани судии 14. коло ВМФЛ:

Пелистер – Вардар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Кожуф – Тетекс, Дарко Котевкси (Битола)
Арсими – Беласица, Димитар Пилешков (Штип)
Охрид – Слога Виница, Марјан Дејаноски (Кичево)
Детонит Плачовица – Воска Спорт, Боби Величков (Велес)
Борец – Гостивар, Доне Ристовски (Гевгелија)
Караорман – Беса, Игор Иванов (Велес)
Локомотива Пехчево – Каменица Саса, Благојче Ралевски (Битола)

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!