ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Три пречки за Вардар во битката за опстанок во ПМФЛ!

Вардар има уште 270 минути за спас и опстанок во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ ги чека три пеколни кола до крајот, три кола каде ќе мораат да изнајдат решение и да освојат бодови за да го избегнат 11-тото место кое директно води кон Втора лига – Запад.

Најмногу загрозени се Вардар и Ренова. Вардарци со 31 бод се претпоследни, додека „гипсарите“ имаат бод повеќе и се наоѓаат во бараж зоната односно на 10-тото место.

Веќе утре Вардар го има првиот сериозен испит против Работнички каде мора да се освојат бодови и тоа три со оглед на фактот дека Ренова ќе биде домаќин на отпаднатата Беласица па шансите за трите бодови кај екипата од Џепчиште се големи.

Во 32. коло Вардар ќе биде во уште потешка ситуација бидејќи ќе гостува кај Струга Трим Лум, која доколку утре победи против Шкендија ќе има уште поголем мотив за победа против Вардар бидејќи трите бодови ќе бидат потребни за стружани во битката со „лавовите“ за Европа.

Во последното 33. коло Вардар повторно ќе го очекува тежок натпревар против Македонија ЃП. Во зависност како ќе одиграат стружани и „лавовите“ и каква ќе биде ситуацијата на табелата околку третото место, најмногу ќе зависи и Вардар. Доколку трите бодови за „лавовите“ бидат потребни за да го сочуваат третото место, тогаш Македонија ЃП ќе има силен мотив и со далеку поквалитетен тим да запише триумф над Вардар и на тој начин да обезбеди излез за Европа, а вардарци ќе бидат испратени во Втора лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!