ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Црно Буки претстави нови две засилувања

Третолигашот Црно Буки интензивно се подготвува за новата сезона од Третата лига – Југ, а денес беа промовирани и две нови засилувања.

Нови играчи на Црно Буки за новата сезона се Христијан Николовски и Ангел Муневски.

27-годишниот Николовски во Црно Буки доаѓа од екипата на Преспа, додека Муневски кој има 19 години пристига од младинската школа на битолски Пелистер.

Претходно, Црно Буки се засили со Стефан Јовановски, Трајче Неделковски и Мартин Ризовски, како и Благоја Наумовски, Виктор Желевски, Стефан Каковски и Драганче Мицевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!