ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Риниа се засили со Беци

Третолигашот Риниа 98 денес го промовираше новото засилување, Бесир Абдулаху – Беци. Младиот играч игра во средниот ред и е второ засилување за пролетниот дел од сезоната на Риниа.

Претходно клубот се засили со Еркан Хајрули, кој исто така игра во средниот ред.

Во недела Риниа ќе одигра контролен натпревар против амбициозната Фортуна, на гостински терен со почеток од 13:00 часот.

Риниа есенскиот дел од сезоната го заврши на дванаесеттото место на табелата во Третата лига – Север со 9 освоени бодови, а клубот во пролетната полусезона влегува со цел подобар пласман на табелата.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!