ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Новаци згаснува, клубот нема да ја продолжи пролетната полусезона

Третолигашот Новаци, кој важеше за еден од фаворитите во претходната и во тековната сезона за освојување на врвот од табелата, згаснува.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА НА КОТВА.МК <<<

Клубот кој во минатото се натпреваруваше во Втората македонска фудбалска лига, поради нерасчистени долгови помеѓу старата и новата управа, згаснува и нема да го продолжи натпреварувањето во Третата фудбалска лига – Југозапад, дознава Спортска Мрежа.

Според информации кои самиот клуб ги сподели со Спортска Мрежа сите фудбалери се слободни играчи и може да си бараат нов клуб каде би ја продолжиле кариерата.

Колку за потсетување, на самиот старт од сезоната во „5 до 12“ се откажа и Белица од натпреварување, па во последен момент испразнетото место го пополни Сатеска од Волино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!