Третолигашот Напредок од Крушеани се предомисли и пријави учество во ТМФЛ – Југ, но клубот реагира бидејќи не доби ваучер!

И третолигашот Напредок од Крушеани во последен момент се предомисли и пријави учество за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ со што во новата сезона ќе се натпреваруваат сите 14 екипи.
Сезоната ќе започне на 27. февруари после долги одлагања, а како најголеми фаворити за освојување на врвот во новата сезона се наметнуваат Вардар од Неготино, Росоман, Големо Коњари, како и Превалец, додека пак останатите екипи ќе напаѓаат од сенка и ќе се обидат да направат изненадувања.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<
Напредок Крушеани покрај пријавеното учество за новата сезона изрази голем револт бидејќи не доби ваучер за 2022 година.
- Кратко соопштение на ФК Напредок Крушеани:
„Клубот не е задоволен од доделувањато на ваучерите, бидејќи имавме исти бодови со Братство Житоше и Превалец од Велес, тие добија ваучери, а ние не добивме ваучер. Ние сме подготовени за новата сезона која ќе започне на 27. февруари.“