Третолигашот Малеш со три засилувања, се враќаат и тројца повратници, клубот атакува на Втора лига!

Беровски Малеш во понеделник ги стартува подготовките за пролетната полусезона во Третата лига – Исток. Како што најави Спортска Мрежа, клубот којшто е финансиски стабилен и официјално се засили со три нови играчи, а на екипата се приклучија и тројца повратници. Деновите се очекува да биде официјализирано и уште едно ново засилување кое ќе пристигне во Берово следните денови.
Малеш нападот го засили со Филип Гоцевски од второлигашот Каменица Саса. 19-годишен играч со беровско потекло, во својата кариера има настапувано и за Фудбал Старс од Кочани.

Голманската позиција ќе биде засилена со 21-годишниот Мики Ѓеоргиевски кој исто така доаѓа од второлигашот Каменица Саса, а во својата кариера бил дел и од штипска Брегалница.
Третото засилување за клубот од Берово е Миле Димитров. 32-годишниот искусен играч во Малеш доаѓа од редовите на Карбинци, а во својата кариера бил дел од Баби, Дрводекор и Три Чешми. Димитров со своето искуство ќе треба да му помогне на клубот во борбата за првата позиција како универзален играч од средниот ред.

Тројца повратници во екипата на Малеш се Александар Мишовски, Давид Јанчовски и Васко Дујовски.
Клубот моментално преговара со уште играч кој треба да го засили средниот ред, со што Малеш во пролетната полусезона ќе атакува на прво место и промоција во Втората лига – Исток, што е прва цел на клубот од Берово.
оментари