ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Македонија Враништа во продажба ги пушти годишните влезници: Помогнете му на клубот да опстојува во овие тешки времиња!

Третолигашот Македонија од Враништа ги пушти во продажба годишните влезници за новата натпреварувачка сезона 2022/2023.

Годишната влезница изнесува 500 денари, може да се купи во просториите на клубот, преку официјалната фејсбук страница на клубот, како и на телефонскиот број 071 830 420.

„Почитувани другари и симпатизери на ФК Македонија Враништа. Од денес ги пуштаме во продажба годишните влезници за натпреварувачката сезона 2022/2023. Со секоја купена влезница ќе ни помогнете клубот да продолжи да опстојува во овие тешки времиња. Нашиот клуб од секогаш бил поткрепен од сите вас и знаеме колку ни значи фудбалот во Враништа! Се надеваме во иднина дека ќе дојдат подобри времиња“, се вели во соопштението од клубот.

Македонија Враништа во новата сезона од Трета лига – Југозапад влегува со висока цел – атак на врвот и борба за влез во Втора лига преку баражот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!