Третолигашот Македонија од Враништа започна со прибирање на парични средства за пролетниот дел од сезоната

Третолигашот Македонија од Враништа од денес започна со прибирање на парични средства за пролетниот дел од сезоната од Третата фудбалска лига – Југозапад.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<
Откако клубот не доби ваучер за што излезе и со соопштение во јавноста кое го пренесе Спортска Мрежа, денес преку соопштение овој третолигаш информира дека започнува со прибирање на парични средства за пролетниот дел од сезоната со цел да може да продолжи со натпреварувањето. Котизацијата за пролетниот дел изнесува 100.000 денари.
- Целосното соопштение на ФК Македонија Враништа:
„Се известуваат сите поддржувачи на Фк Македонија Враништа дека во тек е прибирање на парични средства за пролетниот дел од сезоната. Ве известуваме сите кои сте заинтересирани за било каква помош секако е добредојдена. Многу работа љубов и труд вложивме за да дојдеме таму каде што сме, да не дозволиме лесно да згасне. Котизацијата за пролетниот дел изнесува 100 000 денари. Сите заинтересирани можат да не контактираат на фб страната или управа. (Наумче и Даниел).“