Европски ФудбалФудбал

Третолигашот Катанија и официјално прогласи банкрот

Италијанскиот третолигаш Катанија и официјално прогласи банкрот, а се е потврдено од локалниот суд.

Назначени се и три официјални лица, кои ќе му помогнат на клубот да го заврши учеството во Серија Ц оваа сезона. Станува збор за сметководителите Антонио Џукастро и Даниела Д’Ариго, како и адвокатот Џузепе Базиле. Стечајот настанал поради долгови од 56 милиони евра.

Катанија е основана на 24 септември 1946 година и помина 17 сезони во Серија А како и 34 сезони во Серија Б. Последен пат тие беа во елитата во сезоната 2013/14.

Во текот на овој век, Сицилијанците беа предводени од експерти како Диего Симеоне, Валтер Зенга, Винченцо Монтела, Синиша Михајловиќ, Роландо Маран и Марко Џампаоло. Од најпознатите играчи во последниот период боите на Катанија ги бранеа Џузепе Маскара, Алехандро Гомеш, Макси Лопез, Франческо Лоди, Маријано Иско и Марко Бјагати.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!