ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Третолигашот Карбинци ги стартува подготовките, новиот тренер Берков утре го собира тимот

Третолигашот Карбинци утре ги стартува подготовките за пролетната полусезона од Третата лига – Исток.
Првата прозивка на новиот тренер Александар Берков е закажана за утре, во 17:30 на игралиштето во Карбинци.
Екипата за пролетната полусезона е засилена со Марио Гоцевски, Иван Андов, Љупче Георгиевски, Антонио Маџовски и Иван Рунтев.
Од клубот информираат дека се планирани и неколку контролни натпревари, пред се со клубови од регионот.