ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Големо Коњари се засили со 16 играчи, тренерот Наумовски најавува влез во Втора лига!

Третолигашот Големо Коњари за новата сезона од Трета лига – Југ се засили со нови 16 играчи и најавува високи амбиции.

Покрај актуелниот шампион Вардар Неготино и вицешампионот Превалец, во новата сезона рамо до рамо со овие два фаворити ќе биде и Големо Коњари, екипа која најавува атак за врвот и преку баражот влез во Втора лига.

Нови засилувања во Големо Коњари се 19-годишниот голманот Стефан Аљакоски, кој доаѓа од редовите на прилепска Победа, потоа 22-годишниот Борче Сркески, кој исто така доаѓа од Победа, 23-годишниот Христијан Митрески, кој пристигнува од редовите на Победа, Илчо Митрески (18) пристигна од Победа, Јованче Сугарески (18) од Победа, Благојче Ристески (Победа), тука пристигнаат и искусниот голгетер Мустафа Селманоски (26) од Ново Црнилиште, како и Ерџан Ибраимоски (26), исто така од Ново Црнилиште, 23-годишниот Дарио Наумоски кој пристига од ланскиот второлигаш Велешта, Михо Андреевски (26) од ланскиот второлигашот Братство Житоше, Борче Макешоски (20) и Илија Ристески (23) кои во пакет доаѓаат од Росоман, Петар Симоноски (20) е повратник од Хрватска, а последно во Македонија настапуваше за Напредок од Крушеани, Роберт Димитријески (23) повратник од Хрватска, а последно во Македонија настапуваше за второлигашот Локомотива од Градско и Христијан Димески (26) повратник од Германија, а последно во Македонија настапуваше за Напредок од Крушеани.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА – ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ – 074 241 247

Тренерот на Големо Коњари, Тони Наумовски за Спортска Мрежа вели дека атакуваат на освојување на врвот, додава дека клубот е квалитетно засилен и финасиски стабилен.

„Оваа сезона атакуваме на првото место, се засиливме со квалитетни второлигашки играчи на секоја позиција. Очекуваме да бидеме на врвот. Раководството на клубот е на највисоко ниво, и ФК Големо Коњари прераснува во еден од најорганизираните колективи. Голема благодарност до управата на клубот што ни ги овозможи сите услови. Клубот е финансиски на највисоко ниво, благодарение на управата и претседателот Тони Даноски“, ни изјави тренерот Тони Наумовски.

Во првото коло Големо Коњари на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Бучин, а стрелец на погодокот беше Николче Касниоски. Викендот во рамки на 2. коло Големо Коњари ќе биде домаќин на Марена.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!