ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Фортуна се засили со двајца репрезентативци на Албанија и Македонија до 19 години

Третолигашот Фортуна се засили со двајца репрезентативци до 19 години, станува збор за Бехар Фета и Џемил Јахии.

17-годишниот Фета е репрезентативец на Македонија до 19 години, тој е повратник во екипата на Фортуна, доаѓа од редовите на тетовска Шкендија, во својата кариера крилниот напаѓач има настапувано и за Њу Старс.

17-годишниот Јахии е репрезентативец на Албанија до 19 години, кој доаѓа исто така од Шкендија, играчот од среден ред е повратник во Фортуна, а во својата кариера има настапувано и за Шкупи.

Двајцата млади талентирани играчи ќе останат во Фортуна до крајот на сезоната и ќе бидат големо засилување за остварување на целите на клубот, влез во Втората лига – Запад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!