ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Динамо Мажучиште максимално подготвен за новата сезона, договорени пет нови засилувања

Третолигашот Динамо Мажучиште максимално подготвен го чека стартот на новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ кој е закажан за 27. февруари.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА КОТВА.МК <<<

Екипата помина низ успешни подготовки и одигра два контролни натпревари на кои забележа и триумф. Првиот, против Прилеп Сити со 3:2, додека вториот со новиот третолигаш Слога 1976 Лажани со 2:1. Од клубот не ја исклучуваат можноста до пред почетокот на сезоната да одиграат уште еден контролен натпревар.

Клубот во тековната сезона ќе влезе со цел да има успешна сезона и да опстане во истата.

„Целите на клубот се оваа сезона да биде успешна и да остане да се натпреварува во Третата фудбалска лига – Југ. Имаме добар распроед на натпревар и се надеваме дека сето тоа ќе го искористиме во наша полза, но сепак останува да видиме што ќе донеси иднината“, велат од клубот за Спортска Мрежа.

Клубот се засили со Зоран Костоски во нападот кој има третолигашко искуство со настапите за Тополчани, со Филип Костоски во одбраната каде што екипата беше многу ранлива минатата сезона кој исто така има третолигашко искуство со екипата на Тополчани, во средината Дарко Димоски и Мартин Наумов од Прилеп Сити, како и Димитар Китаноски кој може да игра во нападот и во средниот ред, а доаѓа од редовите на Младост од Кривогаштани.

„Сметаме дека оваа сезона имаме подобра и по комплетна екипа и сезоанта ќе биде далеку подобра од изминатата која ја завршивме на средината од табелата“, додаваат од клубот за Спортска Мрежа.

Новата сезона екипата на Динамо ја стартува токму против новиот третолигаш Слога 1976 Лажани.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!