ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашот Братство 07 задоволен од есенските резулати, во пролетниот дел со неколку засилувања ќе се бори за врвот од Трета лига – Југ!

Третолигашот Братство 07 од Житоше одигра солидна есен во Третата лига – Југ и заврши на седмата позиција со 18 бодови, десет помалку од есенскиот шампион Локомотива од Градско.

Спортска Мрежа разговараше со раководството на клубот за прикажата игра и постигнатите резултати од есенскиот дел од сезоната, како и за пролетните предизвици.

„Задоволни сме од резултатите од есенската полусезона, освен оние два кикса што ги имавме со Младост од Удово и со Обршани. За вториот дел од сезоната секако дека ќе се бориме за подобар пласман, па и за првото место, иако ќе биде тешко, но не е голема разликата затоа што имаме уште два натпревари од првиот дел за одигрување против Марена и Илинден од Башино Село кои со сигурност ќе ги добиеме.“

Братство 07 – Локомотива Градско, 13. коло – Трета лига – Југ

„Костурот“ на екипата ќе биде сочуван, само 25-годишниот Елмин Шкријељ ја напушта екипата и кариерата ја продолжува во Швајцарија каде ќе игра во Трета лига. Од Братство 07 велат дека за пролетниот дел од сезоната ќе имаат три засилувања кои треба да го подигнат нивото на клубот.

„Екипата останува иста, ќе не напушти еден играч и тоа еден од најдобрите, Елмин Шкријељ кој кариерата ја продолжува во Швајцарија во Трета лига. Засега имаме планирани три засилувања. Еден лев бек, еден играч од средниот ред и еден напаѓач. Двете засилувања доаѓаат од Битола, поточно од Могила.“

Екипата три недели пред официјалниот старт на Третата лига – Југ ќе ги започне подготовките и планира да одигра најмалку три контролки.

„Подготовките ќе ги започнеме три недели пред официјалниот почеток на Третата лига – Југ и ќе бидат одиграни најмалку три натпревари.“

Братство 07 пролетниот дел од сезоната го стартува против Марена на гостински терен.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!