ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Третолигашот Братство 07 се засили со Семир Мемедоски

Третолигашот Братство 07 во пролетната полусезона од Третата лига – Југ ќе биде посилен за Семир Мемедоски.
18-годишниот Мемедоски е повратник во Братство, а доаѓа од редовите на третолигашот Победа од Ивањевци. Во својата кариера младиот играч бил дел и од прилепска Победа.
Братство 07 есенската полусезона ја заврши на седмата позиција на табелата и во пролетниот дел ќе се бори за висок пласман на табелата.