ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третолигашите на Истокот едногласни: Ако плаќаме котизација, фудбал нема да има!

Третолигашите од Истокот не попуштаат во однос на тоа да не платат котизација за новата сезона и бараат истата да се укине и за оваа сезона, дознава Спортска Мрежа. Ваквата ситуација ги натера претседателите на третолигашите од Третата лига – Исток самоиницијативно да се соберат во Штип на 15 септември и да дискутираат околу оваа тема ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, нивниот став е дека нема да плаќаат котизација, а доколку остане на сила одлуката за плаќање на котизација, тогаш тие нема да играат фудбал, а тоа би значело дека новата сезона од Трета лига – Исток нема да започне.

Неколку клубови се’ уште немаат започнато со припреми, а во новата сезона од Третата лига – Исток треба да настапат 15 клубови, три повеќе во однос на минатата сезона која броеше 12 клубови.

Спортска Мрежа ќе го следи состанокот на претседателите на третолигашите од Истокот кој ќе се оддржи како што кажавме во Штип на 15 септември и ќе информира за исходот од истиот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!