ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Третата лига се одлага на неодредено време по одлуката на Владата за задолжителни ПЦР-тестови

Откако Владата донесе одлука за задолжителен ПЦР-тест за сите екипи пред секој натпревар, Третата фудбалска лига се одлага на неодредено време. Денес требаше да биде одиграно вонредното 21. коло од Трета лига – Север, но истото е одложено, а ќе бидат одложени и колата кои требаше да се одиграат викендот во сите пет региони од Третата лига. Дали и кога ќе продолжат натпреварите од Третата лига сѐ уште нема информации.

Како што претходно Спортска Мрежа информираше, ФФМ најави дека викендот ќе ги покрие трошоците за тестирања на сите официјални лица и членови на екипи кои ќе се најдат на официјалниот протокол за натпреварите од Првата лига и Втората лига – Исток и Запад.

Покрај Третата лига на неодредено време се одлага и футсалот, Првата женска фудбалска лига, младинскиот фудбал, како и општинските лиги.

РФМ најави дека сите клубови кои играат во Супер лигата и Првата машка и женска лига ќе добијат ПЦР-тестови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!