ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Трета лига – Запад: Беса и Аресими доминираат, многу погодоци и убедливи победи

Во Трета лига – Запад сезонава се одиграа вкупно 75 натпревари при што на истите беа постигнати 289 погодоци или во просек по 3.85 по натпревар.
Беса е лидер на табелата 40 бодови и доколку не продолжи сезоната, тогаш ќе игра бараж за влез во Втора лига – Запад. Најблиску до Беса е екипата на Аресими која е втора и практично овие две екипи доминираат во лигата.
Најголема победа на домашен терен:
- Беса 7:0 Пролетер
- Аресими 8:1 Пролетер
Најголема победа на гостински терен:
- Пролетер 0:7 Аресими
Натпревар со најмногу голови:
- Трабзонспорт 4:6 Камјани
Беса инаку е единствена непоразена екипа во ТМФЛ – Запад и има најдобра одбрана, која примила само седум погодоци. Најдобриот напад го има Аресими кој има постигнато вкупно 55 погодоци.