Трета лига не продолжува, еве кои екипи ќе испаднат

Скоро и официјално е дека нема да продолжи Третата лига, а тоа значи дека првопласираните екипи од Трета лига – Југ и Трета лига – Исток ќе играат во Втора лига – Исток, тоа се Локомотива од Градско и Детонит од Радовиш. Првопласираните екипи во Трета лига – Запад, Југозапад и Север ќе играат бараж за влез во Втора лига – Запад, односно тоа се екипите Беса, Воска и Фортуна, две од овие три екипи ќе бидат нови второлигаши во Втората лига – Запад.
Што се однесува до испаѓањето веќе се знае и кои екипи од следната сезона ќе бидат дел од најниското фудбалско натпреварување во Македонија, односно Општинската фудбалска лига.
Во Трета лига – Југ испаѓаат три екипи, две веќе беа дисквалификувани, тоа се Габер и Илинден БС, а покрај овие две во Општинската лига ќе оди и Дојранско Езеро.
Во Трета лига – Исток испаѓаат две екипи, тоа се Василево и Работик Џумајлија, додека пак од Трета лига – Запад испадна една екипа, а тоа е Пролетер.
Трета лига – Југозапад ја напуштаат три екипи. Фламуртари како дисквалификувана екипа и Стрела и Победа од Ивањевци ќе бидат нови членови на Општинската лига.
Во Трета лига – Север испаѓаат, исто така три екипи – Речица и Волково, како и Локомотива Бентоекспорт која беше дисквалификувана.