ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Тренерот Зоран Урдинов и Вардарски спогодбено се разделија

По шест одиграни кола во Третата лига – Исток, тренерот Зоран Урдинов и Вардарски спогодбено се разделија.
Третолигашот од Богданци на овие шест натпревари забележа едно реми и пет порази, со вкупно еден освоен бод е на дното од табелата и го очекува тешка борба за опстанок во третолигашкото друштво на Истокот.
„Со клубот се разделивме на пријателски начин, му посакувам на Вардарски се најдобро во понатамошниот тек од сезоната“, вели Урдинов за Спортска Мрежа.