ФудбалФудбал - Прва женска лига

Тренерот на ЖФК Каменица Саса, Зоран Златковски доби УЕФА А лиценца

Еден од поискусните тренери во Првата женска фудбалска лига, Зоран Златковски доби УЕФА А лиценца. Златковски е шеф на стручниот штаб на актуелниот женски фудбалски шампион Каменица Саса.

Златковски својата тренерска кариера ја започна пред четири години како тренер / играч на Каменица Саса и успеа да обезбеди пласман на екипата од Третата лига во Втората лига. Младиот тренер потоа го основа женскиот фудбалски клуб Каменица Саса и овде ги бележи големите успеси во неговата тренерска кариера.

Во првота сезона ЖФК Каменица Саса заврши на 11. место во Првата женска фудбалска лига, додека во втората сезона ЖФК Саса заврши на високото петто место. Третата сезона од основањето клубот, Златковски како шеф на стручен штаб успеа да ја освои шампионската титула со ЖФК Каменица Саса во Првата женска фудбалска лига, прва титула во Македонска Каменица. За прв пат во историјата клубот летото играше квалификации во женската Лига на шампиони и беше елиминиран од НСА Софија од Бугарија со 3:1.

Во тековната сезона ЖФК Каменица Саса е есенски шампион и за пролетниот дел од сезоната се засили со репрезентативката Драгана Костова, а ги потпиша и сите фудбалерки со што клубот повторно ќе атакува на титула во домашното првенство.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!