ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тренерот Александар Андов си поднесе оставка, на Осогово му посака експресно враќање во Втора лига!

Кочански Осогово испадна од Втората македонска фудбалска лига и од следната сезона ќе се натпреварува во Третата лига – Исток. Ваквиот исход резултираше со оставка на Шефот на стручниот штаб, Александар Андов.

Во изјава за медиумите, младиот тренер вели дека одговорноста за испаѓањето на Осогово во Трета лига ја превзема тој и поради тоа поднесува оставка. Упати голема благодарност до играчите и сите во клубот и порача клубот експресно да се врати во Втората македонска фудбалска лига, која од следната сезона ќе биде единствена со 16 клубови.

„Денес сакам да ве известам вас медиумите и јавноста дека по направените анализи за сезоната која заврши, решив да поднесам оставка од Шеф на стручниот штаб на ГФК Осогово. На ваков чекор се одлучив и решив бидејќи јас ја превзимам одговорноста за тоа што нашиот градски миленик нашиот клуб ГФК Осогово не успеа да го сочува местото во Втората единствена македонска лига, иако испаднавме со освоени 31 бод, четири бодови повеќе од минатата сезона, а минатата сезона го изборивме опстанокот со 27 бодови. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите играчи кои беа дел од клубот, особено на капитенот Тоше Манов, на кого му посакувам да биде носител на играта и со неговите голови да го врати клубот онаму каде што припаѓа. На заменикот капитен Никола Стоиловски, на нашите нови бисери Стојанче Тренчев и Јoван Дојчинов, Борис Донев и сите играчи кои беа од други градови, а играа за Осоговo како да потекнуваат од Кочани, на моите стручни соработници од кои имав голема поддршка, на навивачката група „Сејмени“ кои се вратија на трибините и секој натпревар беа нашиот 12-ти играчи и правеа неверојатна атмосфера за која можат да завидат многу навивачки групи, на здружението „Никола Мантов“ кое со безрезевна поддршка го поддржува клубот во секој сегмент на неговото функционирање, на стручните служби во клубот и на економот кој секогаш се грижеше за сите нас да бидеме задоволни додека сме на Градскиот стадион. На играчите и мојот наследник им посакувам многу успех и добри резултати и веднаш експресно да се вратот во Втората македонска лига. Оваа моја изјава ја завршувам со нашиот познат слога „Аванти Осогово“, рече Андов.

Осогово сезоната ја заврши на осмото место на табелатa со 31 бод, два помалку од Пехчево кој беше седми и избори опстанок во Втората лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!