ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тренчовски си замина од Академија Пандев, клубот добива нов тренер

Академија Пандев за пролетниот дел од сезоната ќе има нов тренер. од денеска Југослав Тренчовски не е повеќе тренер на сениорскиот тим на Академија Пандев. Тренчовски си поднесе оставка од струмичкиот прволигаш, но се врати како привремено решение и клубот го водеше до последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната. На последниот натпревар Тренчовски како предводник на „пандевци“ запиша тешка победа во Кратово над Силекс со 1:2.

„90 дена исполнети со дружење, радости, тагувања. Денови во кои се обидовме да ја вратиме психолошката стабилност. Остваривме неколку подеми, победи. Горд сум на вашиот пласман во полуфиналето од националниот куп. Но исто така имавме и многу падови, премногу изгубени бодови на домашен терен, бевме сведоци на многу судиски одлуки кои беа на штета на сите нас. Во едно сум убеден, а тоа е дека од сите овие моменти научивме многу бидејќи го чекоревме најтешкиот пат. Лузните кои ги добивме во овој период во иднина само ќе сведочат за нашата желба, постојаност, верба… Следува период на одмор, носете мудри одлуки, со ладни глави. Засекогаш ќе останете во мојата позитивна страна, од една моја приказна во која ќе ги помнам само прекрасните моменти. Во иднина ќе бидам ваш најверен подржувач, затоа што убеден сум дека ќе успеете во зацртаната цел, затоа што вие сте моите херои !!! Според претходниот договор нашето заедничко патување денес заврши. Време е за некои лични и нови предизвици, нови почетоци …. Ве сакам од срце“, напиша Тренчовски на неговиот официјален фејбук профил.

Академија Пандев ќе презими на 11. место на табелата со 17 бодови.

„Во наредните денови ќе биде соопштен и новиот шеф на стручниот штаб на Академија Пандев кој ќе ја предводи екипата во наредниот период“, велат од Академија Пандев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!