Трансферот на Влаховиќ во Премиер лигата руши голем рекорд!

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е еден од најбараните играчи во Европа.
Влаховиќ блесна во текот на оваа сезона во дресот на Фиорентина и веќе одлучи да ја напушти Фиренца, па е подготвен да продолжи напред во кариерата. Многу тимови го посакуваат играчот, најмногу Арсенал и Јувентус, а клубот од северен Лондон е подготвен дури и да го собори рекордот за да донесе Србин.
Се шпекулира дека Тотенхем е подготвен да плати 65 милиони евра обештетување за Влаховиќ, но последните информации се дека Арсенал ќе понуди 20 милиони повеќе, или 85, кои би требало да бидат доволни за трансферот во јануари.
На „топчиите“ очајно им е потребен некој како Влаховиќ бидејќи Пјер-Емерик Обамејанг и Александре Лаказет не се ни блиску до добра форма. Инаку, доколку Арсенал го откупи договорот на Влаховиќ за 85 милиони евра, тоа ќе биде нов рекорд кога се во прашање трансферите на „Топџиите“.
Пред три години лондонскиот тим на Лил му плати 84 милиони евра за Никола Пепе.
Иако Фиорентина сака да го продаде Влаховиќ на Арсенал, проблемот е што фудбалерот има наводен договор со Јувентус и сака да замине во Торино. На крајот на краиштата, тој не се брза и е подготвен да го чека крајот на сезоната за да го направи трансферот.
Влаховиќ ја игра сезоната од соништата и постигна 12 гола на 15 натпревари во Серија А, што го прави најдобар стрелец во лигата, а неодамна обезбеди и пласман со Србија на СП 2022 во Катар.
Веќе е јасно дека на Мундијалот ќе биде дочекан како ѕвезда на голем клуб, само уште едно прашање – на кој клуб…