Европски ФудбалФудбал

Трансферот на Аргентинецот потврден: Астон Вила и Норвич срушија два рекорди

Англискиот премиерлигаш Астон Вила официјално го потврди доаѓањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Буендија.

24-годишниот офанзивен играч за врска пристигна во Бирмингем во трансфер вреден 35 милиони евра од Норвич. Во исто време, ова значи дека „виланите“ го собори рекордот кога станува збор за трансфери на овој клуб.

Истото важи и за Норвич, кој никогаш во неговата историја не заработил повеќе пари од продажба на еден играч.

Во текот на последните три години, Буендија играше за „канаринците“ и забележа вкупно 121 натпревар со 24 постигнати голови, а исто така беше избран за најдобар фудбалер во Чемпионшип.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!